Линда Носкова сензационален победник на Вимблдон

Чешката тенисерка Линда Носкова е новата шампионка на Вимблдон, откако во финалето ја совлада Каролина Мухова со 6-2, 5-7 и 6-3.

Финалето понуди голема борба. Носкова доминираше во првиот сет, Мухова возврати во вториот и избори решавачки сет, но таму помладата Чехинка уште на стартот направи клучна предност која успешно ја зачува до последниот поен.

За 21-годишната Носкова ова е најголемиот успех во кариерата и прва грен слем титула. Мухова повторно остана чекор до трофејот, откако претходно загуби и во финалето на Ролан Гарос во 2023 година.

В недела во машкото финале ќе се судрат Јаник Синер и Александер Зверев.