Белингам ја одведе Англија во полуфиналето на Мундијалот

По 120 минути борба Англија ја победи Норвешка со 2-1 и се пласираше во полуфиналето на Светското првенство, двата погодоци на Англичаните беа дело на Џуд Белингем.
Во првиот половина час од натпреварот речиси и да не видовме ништо. Резултатот беше отворен во 36. минута кога Шјелдеруп постигна гол за водство на Норвешка од 1-0.
Пред самиот крај на првиот дел, Белингем прифати една топка од Гордон, се избори за позиција и постигна гол за израмнување на 1-1.
По 10 минути игра во вториот дел Норвешка пак се израдува на гол, но погодокот на Хегем беше поништен поради фаул од Халанд во шеснаесетникот.
Немаше друг гол во вториот дел, по 90 минути игра резултатот остана 1-1, мечот отиде во две продолженија од по 15 минути.
Во 93. минута Белингем начека една одбиена топка од норвешкиот голман и ја смести во неговата мрежа за водство на Англија од 1-0.
Брзо потоа беше досуден пенал за Англичаните, но по прегледување на снимката, Турпан го поништи пеналот.
Момците на Тухел успеаа да го одржат водството до последниот судиски свиреж и да се израдуваат на пласман меѓу четирите најдобри на Мундијалот.