Мекгрегор победен и понижен за само 65 секунди

УФЦ мечот меѓу Конор Мекгрегор и Макс Холовеј кој требаше да биде спектакл, ги разочара фановите, заврши по само 65 секунди поради повреда на Ирецот.
Мекгрегор агресивно го почна мечот, обидувајќи се со висок удар со нога, но веднаш ја загуби рамнотежата и падна. При следниот напад повторно остана без стабилност, по што стана јасно дека има сериозен проблем со десната нога.
Само една минута и пет секунди по почетокот на борбата, Ирецот се фати за коленото и почна тешко да се движи, по што судијата беше принуден да ја прекине борбата.
Според снимките, повредата настанала при првиот кик, кога Мкгрегор незгодно доскокнал и сериозно го повредил коленото.
Ова можеби беше и последен меч за 37-годишниот легендарен Ирец.