Далас се засили со Тарик Биберовиќ

Турскиот кошаркарски репрезентативец Тарик Биберовиќ потпиша договор со НБА екипата Далас, соопштија од клубот. Биберовиќ ќе треба две години да го носи дресот на Далас, а ќе добие шест милиони долари.

Биберовиќ осум години беше член на турската екипа Фенербахче, со која во 2025 година ја освои Евролигата. Освои четири титули првак на Турција и пет купа.

Кариерата ја почна во екипата на Спарси од Сараево, каде настапуваше две сезони.