Диего Форлан нов привремен селектор на уругвајската репрезентација

Диего Форлан е новиот привремен селектор на репрезентацијата на Уругвај. Тој го наследува Марсело Биелса, кој ја напушти функцијата по неуспехот на Мундијалот.
Веста ја потврди Игнасио Алонсо, претседател на Уругвајската фудбалска асоцијација, кој откри дека поранешниот напаѓач ќе остане на чело на тимот до март во 2027 година.
Одлуката за времено назначување на Форлан е поврзана со претстојните избори во локалната федерација.