Јам Мадар потпиша за Макаби Тел Авив

Јам Мадар и официјално е нов играч на Макаби Тел Авив, објави клубот.

„Среќен сум и возбуден што отворам ново поглавје во кариерата и што му се приклучувам на Макаби Тел Авив. Со нетрпение го очекувам првиот натпревар пред нашите навивачи, како и запознавањето со соиграчите и стручниот штаб.

Ветувам дека ќе го давам максимумот на секој тренинг и на секој натпревар за да му помогнам на клубот да ги исполни своите цели.

Им благодарам на управата, стручниот штаб и сопствениците за довербата и се надевам дека ќе ја оправдам со моите настапи“, изјави Мадар.