Салвадорецот Бартон ќе го води европското полуфинале

Иван Бартон од ЕЛ Салвадор ќе го суди утрешното полуфинале на Светското првенство меѓу Франција и Шпанија.
Тој го привлече вниманието кога го исклучи Парагвајецот, Мигел Алмирон, поради покривање на устата на натпреварот против Турција во групната фаза со што за прв пат на Мундијалот беше искористено новото правило во светскиот фудбал.
35-годишниот Салвадорец има солидно искуство на највисоко ниво со 280 натпревари вклучувајќи и неколку финалиња на КОНКАКАФ Лигата на шампионите.