Шпанецот Реј Моралес си замина од Охрид

Освојувачот на ЕХФ Купот ГРК Охрид и официјално остана без еден од најдобрите ракометари, откако Реј Моралес се реши да ја продолжи кариерата во Полска.

Искусниот дефанзивец од Охрид се сели во Висла Плоцк, откако полскиот клуб ја активираше клаузулата за откуп.

„Ориол Реј Моралес го напушта ГРК Охрид.

ГРК Охрид ја информира јавноста дека Ориол Реј Моралес повеќе не е член на нашиот клуб.

Иако клубот апсолутно не беше за разделба со еден од своите клучни дефанзивци пред истекот на неговиот договор, на барање на играчот беше активирана излезната клаузула, а полскиот шампион Висла Плоцк го откупи неговиот договор.

Му благодариме на Ориол за посветеноста и придонесот во дресот на ГРК Охрид и му посакуваме успех и во понатамошната кариера“, стои во објавата на ГРК Охрид.