Елена Ѓорѓиевска потпиша за ЖРК Црвена Звезда!

Искусната македонска ракометна репрезентативка, Елена Ѓорѓиевска во новата сезона ќе го носи црвено-белиот дрес на ЖРК Црвена Звезда.
36-годишната ракометарка која игра на позицијата десен бек, треба да биде значајно засилување за белградскиот клуб кој има високи амбиции за наредната сезона.
Ѓорѓиевска зад себе има богата интернационална кариера и настапувала за повеќе европски клубови. Минатата сезона ги бранеше боите на турски Одунпазари, а во својата богата кариера може да се пофали и со освоена титула во Лигата на шампионите со црногорска Будуќност.
Пред искусната Македонка веднаш ќе следува и европски предизвик, бидејќи Црвена Звезда во квалификациите за Лигата на Европа ќе ги одмери силите со романскиот Корона Брашов во борбата за место во следната фаза од натпреварувањето.