Родри перфектен додавач во полуфиналето против Франција

Шпанскиот капитен Родри имаше 67 додавања со точно од 86,6% на дуелот со Франција во полуфиналето на Светсткото првенство.

Вкупно, играчот од средниот ред има точни 655 додавања на Светското првенство во 2026 година. Ова е рекорд на сите Светски првенства досега од собирањето на статистика од 1966 година.

Шпанската репрезентација исто така постави рекорд на Мундијалите, откако ја задржаа мрежата на шест од досегашните седум натпревари. Единствениот гол кој го прими Унаи Симон беше против Белгија во четвртфиналето во победата од 2-1.

Претходно Италија во 2006 година, Германија во 2002 година, Холандија 1974 година, Англија во 1966 година, Унгарија во 1938 година и Уругвај во 1930 година стигнаа до финалето со само еден примен гол, но сите овие селекции одиграа помалку натпревари.