Васоски: Нема да се повлечеме, одиме да постигнеме гол

Со предност од еден гол стекната на натпреварот во Стара Загора, Силекс утре има добра шанса да се пласира во следната фаза од Лигата на Конференции на УЕФА. Кратовскиот тим триумфираше на гостувањето со 0-1, и сега го чека реваншот кој ќе се игра на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Тренерот на кратовскиот тим Александар Васоски, најавува дека Силекс нема да се брани, туку дека ќе оди на гол повеќе и на вториот меч, за да го потврди учеството во следната фаза и дуел со Нефтчи.

„Имаме против себе незгоден ривал, но на првиот меч покажавме дека знаеме да играме на резултат. Ова е историска шанса на генерацијата. Ќе направиме се што е во наша можност да не загубиме. Сметам дека би било погубно да се повлечеме од првата минута, а доколку сме во можност ќе се обидеме да постигнеме и гол. Противникот е во подобар ритам од нас. Одиграа 15 меча во првенството и се лидери на табелата. Ние немаме таков ритам, но секако веруваме дека може да се пласираме во следното коло во Европа”, изјави Васоски.