Пеп Гвардиола одби да ја преземе италијанската репрезентација

Шпанскиот фудбалски експерт Пеп Гвардиола ги прекина шпекулациите што го поврзуваат со преземање на италијанската репрезентација и изјави дека нема намера да се врати на тренерската работа.

„Не чувствувам дека нешто ми недостасува.

Почнав да тренирам тимови кога имав 37 години и сè во мојот живот беше поврзано со фудбалот.

Сега сакам да го откријам животот и да бидам среќен правејќи работи што не се поврзани со овој спорт. Ја сакам својата работа, но доаѓа време кога чувствуваш дека треба да направиш пауза.

Можеби еден ден ќе се разбудам и ќе кажам: „добро, сакам повторно да тренирам“. Морам да чувствувам дека ми недостасува, а во моментов не“, рече Гвардиола.

Тој додаде дека негов приоритет е да поминува повеќе време со семејството, особено со своите деца и својот 95-годишен татко.