Тухел ја призна вината за полуфиналниот пораз од Аргентина

Селекторот на Англија, Томас Тухел, ги брани своите тактички одлуки по поразот од Аргентина (2-1) во полуфиналето на СП.
Германецот изјави дека не жали за промените што ги направи и дека презема целосна одговорност.
На прес-конференцијата пред натпреварот за третото место против Франција во Мајами, германскиот стратег призна дека неговиот тим станал премногу пасивен при крајот, но нагласи дека верува во исправноста на своите одлуки.
“Ако некој е виновен, јас сум. Јас сум селекторот и преземам целосна одговорност. Не жалам за моите одлуки, ги донесов базирајќи се на искуство, инстинкт и желба тимот да победи. За жал, резултатот не беше онаков каков што посакувавме,” рече Тухел.