Серија А сака проширување на ВАР-протоколот, УЕФА не даде „зелено светло“

Италијанската судиска организација (AИA) објави промени во интерпретацијата на правилата за претстојната сезона на Серија А 2026/27. Новините вклучуваат зголемени овластувања за ВАР, построги мерки против губење време и нови правила за казнување при спречување на очигледни гол шанси. Насоките, делумно преземени според препораките на Меѓународниот одбор за фудбалски сојузи (IFAB) од Светското првенство во 2026 година, ќе бидат претставени на тренерите и играчите пред почетокот на првенството, пишуват медиумите во Италија.
Собата за ВАР добива дополнителни овластувања за корекција на одлуките што директно влијаат на натпреварот. Виде-оасистентите ќе можат да коригираат погрешно доделен втор жолт картон ако дојде до замена на идентитетот на играчите. Ќе може да се анулира и погрешно досуден корнер, но само ако интервенцијата не го забавува продолжението на играта.
За зголемување на времето на активна игра, препознаен како еден од најголемите проблеми на лигата, се воведуваат нови правила за забрзување на замените. Според новиот протокол, ако играчот не го напушти теренот во рок од десет секунди откако четвртиот судија ќе го покаже неговиот број, замената нема да смее да влезе на теренот додека играта повторно не се прекине или не помине цела минута.
Се воведува и одбројување од пет секунди за изведување на аут и гол-аут. При надминување на тоа време, судијата може да ја додели топката на противничката екипа, а при гол-аут може да досуди агол за противникот.