Казабланка или Мадрид – Каде ќе се игра финалето на следниот Мундијал?

Иако Њу Џерси ќе биде центар на фудбалскиот свет во недела со финалето на Светското првенство во 2026 година помеѓу Аргентина и Шпанија , местото на одлучувачкиот натпревар од турнирот во 2030 година би можело да стане сцена на сериозен дипломатски и политички натпревар, објави Ројтерс.

Мароко , Португалија и Шпанија се ко-домаќини на Светското првенство во 2030 година, но ФИФА сè уште не утврдила каде ќе се одржи финалниот натпревар.

Шпанија е уверена дека ќе биде домаќин на натпреварот за титулата, но Мароко веќе гради нов стадион во близина на Казабланка. Објектот ќе има капацитет од 115.000 места, а африканската земја се надева дека таму ќе го одреди новиот светски шампион. Борбата за таа чест веќе е во тек во спортските и политичките кругови.

Се очекува стадионот „Хасан II“ да биде најголемиот во фудбалот, а изградбата треба да биде завршена до крајот на следната година. Шпанија, пак, има два фаворити стадиони за домаќинство на финалниот меч. Едниот е „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, кој по големото реновирање завршено кон крајот на 2024 година, ќе има капацитет од 83.000 гледачи. Другата опција е „Камп Ноу“ во Барселона, кој моментално се реновира и неговиот капацитет ќе се зголеми на 105.000 гледачи, но градежните работи доцнат.