Алекса Аврамовиќ го замени Дубаи со турскиот Бахчешехир

Алекса Аврамовиќ, го смени клубот. Тој го напушти Дубаи, и кариерата ќе ја продолжи во Бахчешехир.

Искусниот плејмејкер се раздели со Дубаи по само една сезона и се согласи на соработка со амбициозен турски клуб, кој исто така ќе има високи цели во домашното првенство и Еврокупот следната сезона.

Аврамовиќ пристигна во Дубаи како едно од најголемите засилувања на новоформираниот клуб, а со своето искуство и енергија беше еден од најважните играчи на тимот во дебитантската сезона.

Тренер на турскиот тим е Александар Ѓорѓевиќ, и токму по негова препорака доаѓа Аврамовиќ.