Дејвион Мијнц е нов кошаркар на Дубаи

Најново засилување за кошаркарскиот тим на Дубаи е американскиот бек Дејвион Минц, кој потпиша со шампионот на АБА лигата.

28-годишниот кошаркар пристигнува од германски Вирцбург, каде зад себе има одлична сезона.

Во Бундеслигата просечно бележеше 16,4 поени, 3,3 скока и три асистенции на 31 натпревар, додека во ФИБА Лигата на шампионите имаше просек од 15,6 поени, 3,2 скока и 2,3 асистенции.

Минц може да ги покрива двете бековски позиции, а се издвојува по способноста сам да креира шут и по сигурниот удар за три поени.