Моизе Кин од Фиорентина се сели во Комо?

Комо започна преговори во врска со евентуалното потпишување на италијанскиот репрезентативец Моизе Кин, објавија италијанските медиуми.

Според „Скај Спорт Италија“, клупските челници прво контактирале со претставниците на 26-годишниот напаѓач за да ја проценат неговата подготвеност да се приклучи на проектот, додека официјалните преговори со Фиорентина сè уште не се започнати.

Комо се подготвува за историски настап во Лигата на шампионите, поради што сака да го засили тимот, но и да ги исполни правилата на УЕФА во врска со бројот на домашни играчи во составот.

Кин има важечки договор со Фиорентина до јуни 2029 година. Договорот содржи откупна клаузула од 62.000.000 евра, но важи исклучиво за клубови надвор од Италија и во периодот од 1 до 15 јули, поради што не е применлив во случај на евентуална понуда од Комо.