Елена Мицковска нов член на ИО на Светската федерација на училишен спорт

Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, направи голем и значаен чекор за афирмација на нашата земја на меѓународната спортска сцена.
Со гордост ве известуваме дека Македонија за првпат доби свој претставник во Извршниот одбор (највисокиот орган на управување) на Светската федерација на училишен спорт (ISF), што претставува големо признание за досегашната работа, но и потврда за напредокот и развојот на училишниот спорт во нашата држава.
На Генералното изборно собрание, кое се одржува во Белград, а на кое присуствуваат претставници од земјите членки од целиот свет, Елена Мицковска ја претстави својата програма, визија, мисија и цели за иднината на училишниот спорт.
Нејзината визија и посветеност беа препознаени од земјите членки, како и од резибраниот претседател на ISF, Жељко Танасковиќ. Мицковска во следните четири години ќе биде дел од највисокиот орган на управување во Светската федерација на училишен спорт.
Нејзината визија и посветеност беа препознаени од земјите членки, како и од резибраниот претседател на ISF, Жељко Танасковиќ. Мицковска во следните четири години ќе биде дел од највисокиот орган на управување во Светската федерација на училишен спорт.
Од првиот ден на чело на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Мицковска работи посветено на унапредување на спортот кај младите преку поголемо учество на меѓународни натпревари, развој на нови проекти и воведување светски стандарди во училишниот спорт.
Македонија веќе се етаблираше како сериозен и зрел партнер на Светската федерација на училишен спорт. Доказ за тоа е успешната организација на Светското училишно првенство во ракомет, кое беше одржано во нашата земја и доби високи оценки од сите учесници.
Во своето обраќање пред земјите членки, Мицковска истакна дека Македонија е држава која силно верува во моќта на спортот, особено ког