Дарко Глишиќ потпиша за третолигашот Илинден

Проектот ФК Илинден продолжува да се развива, тимот сега е во Третата македонска фудбалска лига, а од денеска имаат и звучно засилување во името на Дарко Глишиќ.
Поранешниот фудбалер на Скопје се договори со амбициозниот третолигаш, кој во новата сезона ќе биде предводен од Горан Симов. Глишиќ пристигнува по шестмесечен престој во Скопје, а претходно го носеше и дресот на Македонија Ѓорче Петров.
Во својата кариера настапуваше за Вардар, Напредок, Тетекс, Гостивар и Шкупи, а има и богато интернационално искуство со настапи за Олимпик Сараево, Динамо Тбилиси, Септември Софија, Арда Карџали и Докса.
Глишиќ е само дел од засилувањата на Илинден ова лето. Претходно во клубот пристигнаа Дарио Десниќ, Давид Ристовски, Кристијан Ристовски, Кристијан Ивановски, Матеј Божиновски, Марио Маркулев и Иван Ташовски.