Ал Хилал го сака најдобриот фудбалер за 2025 година

Клубот од Саудиска Арабија сега го очекува одговорот на францускиот репрезентативец, пред да започне официјални преговори со ПСЖ за евентуален трансфер.
Според информациите ПСЖ нема намера да се раздели со Дембеле и веќе работи на продолжување на неговиот договор.
Французинот е еден од најважните фудбалери во тимот, а тоа го потврдува и фактот што во 2025 година ја освои „Златната топка“, најпрестижното индивидуално признание во светскиот фудбал.
Во моментов нема договор меѓу двата клуба.
Преговорите со ПСЖ ќе започнат само доколку Дембеле даде согласност за трансфер.
До тогаш, францускиот шампион ќе се обиде да го задржи својот најдобар играч со нов и подобрен договор.