Ангеловски прозиваше, започна новиот проект Еурофарм Пелистер 2

Суперлигашот Еурофарм Пелистер 2 денес ги започна подготовките за новата сезона 2026/27. Под водство на новиот тренер Бранислав Ангеловски, младиот суперлигаш го одржа првиот работен состанок и тренинг. Во стручниот штб на Ангеловски ќе бидат Фарук Мемиќ (асистент тренер), Васко Димитровски (кондиционен тренер), Филип Ивановски (тренер на голмани) и Иванчо Тодоровски (физиотерапевт). Екипата ќе се подготвува во Битола, а ќе одигра и контролни натпревари пред официјалниот старт.
Еурофарм Пелистер 2:
Дојдоа:
Александар Стојков (Куманово), Марко Трајков (Пролет), Кристијан Симоноски (Алкалоид), Божидар Илиески (Прилеп)
Заминаа:
Мартин Јовановски, Азис Бен Махфуд, Ненад Белистојаноски, Петар Марковски, Одфред Баптист. Томче Пецаковски, Бојан Гичев, Јован Даневски
Во првото коло на Суперлигата 2026/27, Еурофарм Пелистер 2 гостува кај шампионот Вардар 1961.