Ивановски го предаде мечот на турнирот во Австрија

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, го заврши настапот на турнирот во Олерсбах, Австрија, откако го предаде денешниот меч против осмиот носител Бор Артнак од Словенија.
Словенечкиот тенисер го доби првиот сет со 6-4, во вториот Бор имаше 1-0 во гемови кога Ивановски реши да го предаде мечот поради повреда.
Турнирот во Олерсбах се игра за награден фонд од 30.000 долари.