Вардар ги чуваше силите за Рига и пак лесно ја совлада Брегалница

Вардар со 2-0 славеше над Брегалница во меч од првото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), во меч кој се одигра на Градски во Скопје.

Тренерот Фабијани излезе речиси со цел втор состав поради реванш натпреварот против Рига кој на програмата е во вторник. Во текот на второто полувреме во игра влегоа и дел од првотимците.

Брегалница во Скопје дојде со речиси никакви подготовки и не успеа да го изненади фаворитот.

На почетокот од мечот штипјани имаа иницијатива, но не ја искористија. Казната стигна во 27. минута кога Данев реализираше за водство од 1-0.

Брзо потоа гол даде и Закариќ, но погодокот беше поништен со ВАР поради игра со рака.

Долго време актуелен резултат беше 1-0, конечно победата беше заверена во 81. минута кога по асистенција од Родригез, Закариќ постигна гол за 2-0.