Лука Вилдоза пред потпис со Партизан

Luca Vildoza reacts during the 2022/2023 Aba League match between Crvena Zvezda mts Belgrade and Partizan Mozzart Bet at Aleksandar Nikolic Hall on November 28, 2022 in Belgrade, Serbia. (Photo by Srdjan Stevanovic/Starsport.rs ©)

Аргентинскиот кошаркар Лука Вилдоза е на чекор до трансфер во Партизан, пренесуваат повеќе европски медиуми. Доколку зделката биде реализирана, тоа ќе биде еден од најзвучните и најконтроверзните потези во летниот преоден рок, со оглед на тоа што Аргентинецот претходно беше миленик на навивачите на Црвена звезда.

30-годишниот плејмејкер остави силен впечаток во црвено-белиот дрес, освојувајќи ја шампионската титула во Србија и Купот „Радивој Кораќ“, па неговото евентуално преминување кај најголемиот ривал сигурно ќе предизвика бурни реакции.

Вилдоза во Европа настапуваше за Басконија, а во кариерата кратко беше дел и од НБА, каде што беше член на Њујорк Никс и Милвоки Бакс. По заминувањето од Црвена звезда играше за Панатинаикос и Олимпијакос, додека минатата сезона го носеше дресот на Виртус Болоња.

Доколку преговорите завршат успешно, Партизан ќе добие големо засилување во пресрет на новата сезона во Евролигата.