Чичарито потпиша за нов второлигаш од САД

Легендарниот мексикански фудбалер Хавиер Ернандез, или познат како Чичарито, има нов клуб. Иако има 38 години, тој не размислува за пензија, па го стави потписот во својот нов тим.

Станува збор за тимот на Атлетико Далас, кој се натпреварува во МЛС Чемпионшип лигата. Тимот е формиран пред две години, и има големи амбиции да стигне до „елитата“.

Во минатото водечкиот стрелец на мексиканската репрезентација во минатото беше дел од Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, ЛА Галакси. Беше дел и од Вест Хем, Баер Леверкузен, Севиља. Тој нема играно фудбал од 2025 година, кога беше дел од Гвадалахара, но откако го напушти тимот, не најде нов ангажман, се до сега.

Чичарито нема да игра оваа година за новиот тим, туку тоа ќе го стори дури во следната 2027 година.