Вестбрук преговара со Панатинаикос

Познатиот НБА кошаркар Расел Вестбрук, би можел идната сезона да игра во Европа, откако одредени грчки медиуми пласираа информација дека доскорашниот кошаркар на Сакраменто е една од желбите на Панатинаикос.
Исто така во „пакет“ со Вестбрук во зелените од Атина би требало да дојде и Д’Анџел Расел. Двајцата се во моментов слободни играчи.
Сепак, медиумите потенцираат дека двајцата најпрво ќе ги разгледаат понудите од НБА, па дури потоа може да размислуваат за европска „одисеја“.
Вестбрук би претставувал едно од најголемите имиња што некогаш пристигнале во Евролигата. За време на својата кариера, поранешниот МВП на НБА играше за Оклахома Сити, Хјустон, Вашингтон, Лос Анџелес Лејкерс, Клиперс, Денвер и Сакраменто.