Куртинаитис нов селектор на Литванија

Римас Куртинаитис ќе продолжи да ја предводи литванската кошаркарска репрезентација до крајот на квалификацискиот циклус за СП во 2027 година, иако претходно поднесе оставка по поразот од Италија.

Литванската кошаркарска федерација соопшти дека 66-годишниот стручњак ќе остане на чело на националниот тим откако ја променил својата одлука.

Литванската кошаркарска федерација соопшти дека овој кошаркарски стратег ќе остане на чело на националниот тим.

Претседателот на Литванската кошаркарска федерација, Миндаугас Балчунас, откри дека Федерацијата ги добила оставките на Куртинаитис и на неговиот помошник Томас Пачесас на 8 јули.