Кадетската репрезентација поразена од Словенија

Македонската ракометна кадетска репрезентација започна со пораз од Словенија со 33-30 на ЕП кое се одржува во Белград.

Нашите млади прикажаа одлична игра на дуелот со Словенците.

Најдобар поединец во победничкиот состав беше Јака Подвршич со осум погодоци, а во нашиот табор шест гола постигнаа Христијан Вујичевски и Трајче Костов.

Следен натпревар за нашата репрезентација ќе биде против селекцијата на Франција кој ќе се одигра утре во 12:00 часот.