ФИФА отвори постапка против аргентинските фудбалери

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) покрена дисциплинска постапка против неколку членови на аргентинската репрезентација по инцидентите што се случија по завршувањето на финалето на Светското првенство против Шпанија. Дисциплинската комисија ќе ги анализира судиските извештаи и видео-снимките пред да донесе одлука за евентуални санкции.
Во фокусот на истрагата се играчите Леандро Паредес и Науел Молина, како и помошникот на селекторот Роберто Ајала. Паредес се товари за насилничко однесување по последниот судиски свиреж, Молина е под истрага поради наводен удар врз Родри, додека Ајала е обвинет дека го оттурнал Дани Олмо за време на хаотичните сцени на теренот.
ФИФА ќе го испитува и однесувањето на аргентинската делегација за време на церемонијата на доделување на трофејот, откако дел од фудбалерите свртеле грб додека Шпанија го подигнувала шампионскиот пехар.
Ова не е единствениот случај што е предмет на внимание на светската куќа на фудбалот. Претходно беше отворена постапка и по полуфиналето меѓу Аргентина и Англија, кога дел од аргентинските репрезентативци истакнаа транспарент со политичка порака поврзана со Фолкландските Острови, што е спротивно на дисциплинските прописи на ФИФА.