Јуве ќе добие нов напад: Колло Муани и Алајбеговиќ

Голем број на извори пренесуваат дека Јувентус ги договорил трансферите на Рандал Коло Муани од ПСЖ и Керим Алајбеговиќ од Баер Леверкузен во зделки вредни 45, односно 40 милиони евра.
„Старата дама“ носи две засилувања за нападот во инвестиција вредна околу 85 милиони евра.
По долги преговори со ПСЖ, конечно паднал дил за трансфер на Рандал Коло Муани.
Французинот се враќа во Торино на позајмица, но со обврска во целост да биде купен за 50 милиони евра плус бонуси, иако дел од бонусите се малку потешко остварливи.
Од Германија пак пристигнува информација дека Јувентус и Баер Леверкузен си одале рака за трансфер на младиот Керим Алајбеговиќ.
Фудбалерот од БиХ имаше солиден настап на Светското првенство и само дополнително го привлече вниманието на клубови како Челси, Милан, Наполи, Рома и Аталанта.
Но Јувентус успеа да ја победи конкуренцијата и да договори зделка од 33 милиони евра, плус додатни 7 милиони евра во бонуси.