Медитеранска номинација за Ристовски и Христов

Медитеранска номинација за Ристовски и Христов
Најискусните одбојкарски судии со значката на ЦЕВ, Влатко Ристовски и Јосип Христов, ќе бидат дел од македонската делегација на 20. Медитерански игри кои од 21 август до 3 септември ќе се одржат во Таранто, Италија.
Ристовски и Христов ќе се дел од официјалните лица кои ќе делат правда на машкиот и женскиот одбојкарски турнир, додека Македонија само кај дамите ќе има свој претставник.
Номинацијата на нашите интернационални судии на Медитеранските игри е само надополнување на одличната меѓународна сезона, во која Ристовски беше делегиран на шест натпревари во ЦЕВ европските купови, а беше и прв судија на полуфинален натпревар од Челинџ купот во машка конкуренција. Христов, пак, по одличната европска сезона, во која имаше ЦЕВ полуфинале, летово судеше и во Европската лига 2026.