Почетино добива нов договор како американски селектор

Аргентинскиот селектор Маурисио Покетино ќе продолжи на селекторската функција во репрезентацијата на САД, објави „The Athletic“.

Договорот меѓу Фудбалската федерација на САД и 54-годишниот тренер за нов договор е близу до завршување.

Покетино ја презеде функцијата селектор на репрезентацијата на САД во 2024 година, потпишувајќи договор до Светското првенство во 2026 година. Наводно му било понудено продолжување пред турнирот, но страните се согласиле да ја одложат дискусијата до по завршувањето на Мундијалот.

Се шпекулира дека новиот договор на Покетино е четиригодишен, односно до Светското првенство во 2030 година.

На СП 2026, репрезентацијата на САД стигна до осминафиналето, каде што загуби со 4:1 од Белгија.