Намалена казната на Мудрик, Укрианецот се враќа на терените

Фудбалерот на Челси, Михајло Мудрик повторно може да игра фудбал откако четиригодишната суспензија му е укината.
Мудрик кој повеќе од две години е надвор од теренот поради суспензија, ја доби правната битка и успеа да издејствува порано завршување на истата.
Тој сега е слободен и му се става во погон на Челси за новата сезона.
Самиот фудбалер излезе со соопштение по повод укинувањето на суспензијата:
„По долга борба, четиригодишната забрана што ми беше изречена е укината и слободен сум да ја продолжам мојата кариера веднаш.
Благодарен сум што овој процес заврши, што добив дозвола да се вратам на фудбалот и што сега можам да гледам кон мојата иднина.
Ова беше најтешкиот период во мојата кариера.
Како што секогаш тврдев од самото почеток на овој случај, никогаш свесно или со намера немам земено ниту една забранета супстанција. Мојата посветеност на чесното натпреварување и претставувањето на мојот клуб и земја со професионализам и интегритет секогаш ми биле важни.