Ѓоковиќ елиминиран од аргентински анонимус од Синсинати

Новак Ѓоковиќ со пресврт загуби од Тиаго Аугусто Тиранте, беше 2-1 во сетови за Аргентинецот, но српскиот тенисер едвај остана на теренот.

Ѓоковиќ одлично го почна мечот, го доби првиот сет со 6-2 и се чинеше дека лесно ќе го совлада Тиранте.

Но, на почетокот од вториот сет побара медицински тајмаут, се јавија проблеми, во продолжението не беше истиот.

Успеа да остане на нозе во вториот сет кој го загуби со 6-4. Тиранте израмни на 1-1.

По двата сета имаше уште една медицинска пауза, Ѓоковиќ во третиот сет делуваше посвежо од вториот, но пак не беше на своето ниво, се мачеше.