Почина легендата на хрватскиот фудбал – Иван Гудељ

На 67-годишна возраст, во Загреб по кратко боледување, почина познатиот фудбалер, репрезентативец, тренер и долгогодишен инструктор на ХНС, Иван Гудељ.
Тој е роден во Имотски на 21 април 1960 година, почнал да игра фудбал во Мрачај од Руновиќи, од каде што се преселил во Хајдук и станал еден од најомилените играчи на генерацијата што постигнала значајни резултати во Европа.
Гудељ одигра 362 натпревари за Хајдук и постигна 93 гола, го освои првенството и два Купа а се појави 33 пати за југословенската репрезентација и постигна три гола. Во својата кратка тренерска кариера ги водеше Хајдук и Задар а работеше и како селектор на помладите репрезентации на „коцкести“.