Вардар го доби трилерот во Гевгелија и го освои Суперкупот на Македонија

Вардар е новиот освојувач на македонскиот Суперкуп, откако во вистински ракометен трилер го совлада Охрид со 32-31 на мечот во Гевгелија. Охриѓани одлично го отворија натпреварот, Вардар го доби полувремето, а во вториот дел гледавме вистинска бркотница, која на крајот Вардар ја реши во своја полза со гол од пенал и фантастична одбрана на голманот Валах по која „црвено-црните“ ја почнаа прославата на првиот сезонски трофеј на домашната сцена.
За Вардар ова е петти Суперкуп трофеј, со што останува најуспешниот клуб во историјата на ова натпреварување.