Иљами Исејни го објави списокот на фудбалери за УЕФА квалификациите за Македонија до 17 години

Селекторот на македонската репрезентација до 17 години, Иљами Исејни, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојниот квалификациски турнир за пласман на Европското првенство во организација на УЕФА.
Нашата селекција ќе настапи на турнирот во Трабзон, Турција, во периодот од 11 до 17 ноември. За противници во квалификациската група ги имаме селекциите на Унгарија, Сан Марино и домаќинот Турција.
Голмани: Илан Мемети (Лозана), Димитар Петров (АП Брера), Петар Талески (Шкендија);
Одбрана: Матеја Масев (Црвена Звезда), Амар Акики (Шкендија), Леарт Исеини (Бохум), Михајло Павлов (Железничар Панчево), Филип Ѓорѓиоски (Вардар), Адријан Велески (Вардар), Илија Аксентиев (Македонија ЃП);
Среден ред: Марин Крстевски (Црвена Звезда), Александар Полимац (ИМТ), Дардан Адеми (Аресими 1973), Матеј Бочески (АП Брера), Боби Недановски (Пелистер), Огнен Сивевски (Македонија ЃП), Матеј Николов (Вардар), Џихан Ибраими (Вардар), Благојче Седлоски (Скопје);
Напад: Стефан Ристиќ (Партизан) и Рон Мемеди (Беласица);