Нов блесок на Томовски во поразот на Битигхајм против Хановер

Македонскиот голман, Мартин Томовски, повторно имаше партија со двоцифрен број на одбрани, но неговиот Битигхајм загуби на домашен терен од Хановер со 29-31.
Томовски запиша 12 одбрани и беше најдобриот поединец во својот тим. Македонецот имаше 30 отсто успешност на одбрани.
Мартин Томовски во моментов е на второто место на листата на голмани со најмногу одбрани во Бундеслигата, вкупно има 53 интервенции.
По пет одиграни кола Битигхајм има една победа и четири порази. Се наоѓа на долниот дел од табелата.