Вардар го доби Куп-мечот со Тиквеш со службен резултат

Тиквеш поради неправилниот настап на фудбалерот Окере Висдом е елиминиран од Купот на Македонија а Вардар го добива мечот со службен резултат 3-0.

Ова е одлуката на Комисијата за натпревари на ФФМ по жалбата на Вардар АД Скопје согласно член 99, став 1, алинеја II и став 4 од Правилникот за натпревари на ФФМ, како и земајќи ги предвид член 8 и член 30, став 2 од Пропозициите за Куп-натпреварувањето на ФФМ за сезоната 2026/27, член 63, став 6 и член 68 од Правилникот за натпревари на ФФМ, ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци се елиминира од Куп-натпреварувањето на Македонија за сезоната 2026/27, а натпреварот ФК Вардар АД Скопје – ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци се регистрира со службен резултат од 3:0 за ФК Вардар АД Скопје.

ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци, согласно член 41, став 2, алинеја 2, се казнува со автоматска казна од 1.000 евра, во денарска противвредност на денот на уплатата.