Чуамени на листата на желби на Ливерпул

Англискиот елитен фудбалски состав, Ливерпул, може да испрати понуда до играчот на Реал Мадрид, Орелиен Чуамени, наведуваат дел од медиумите на Островот.

Наводно, „црвените“ се заинтеерсирани за Французинот кој не ја добива посакуваната минутажа во редовите на „кралевите“.

26-годишниот фудбалер има договор со шпанскиот клуб до 30 јуни во 2028 година а неговата трансферна цена е околу 70 милиони евра.