Барди: Македонија секогаш наоѓа сила да се врати

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди, објави емотивен пост на социјалните мрежи.

Тој вели дека минуваат низ тежок период поради лошите резултати, но верува дека Македонија ќе им се врати на победите.

„Дадовме сè од себе, се боревме до крајот, но некогаш ни максимумот не е доволен. Многу тешки денови поминавме, за секој беше тешко, одиме заедно да се вратиме подобри. Разочарувањето боли… Но, ако нешто научивме низ годините, тоа е дека Македонија секогаш наоѓа сила да се врати. ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ. МОРАМЕ ДА СЕ ВРАТИМЕ! Главата горе. Ова не е крајот на нашата приказна“, напиша Барди на социјалните мрежи.