Столе Димитриевски има најмнгу одбрани во Лигата на нации

Македонскиот голман, Столе Димитриевски е прв на листата по бројот на одбрани по првите четири кола во новата сезона од Лигата на нации.

Македонија во овие натпревари ретко имаше шанси за гол, но затоа противниците постојано ја загрозуваа нашата мрежа.

Димитриевски имаше многу работа и беше единствената наша светла точка, да не беа неговите одбрани, поразите ќе беа уште поубедливи.

Статистиката вели дека по четири натпревари, Димитриевски има 21 одбрана, второто место го делат Сене Ламенс и Џиџо Донарума.