Алајбеговиќ не е повреден, може да игра за Јуве уште викендов

Јувентус доби добри вести во пресрет на продолжението на сезоната и гостувањето кај Каљари. Керим Алајбеговиќ, кој имаше проблем по настапите за репрезентацијата на Босна и Херцеговина, нема посериозна повреда.
По лекарските прегледи, младиот напаѓач се очекува повторно да тренира со тимот и да биде во конкуренција за натпреварот.
Франциско Консеисао, пак, се врати во Торино со задоцнување поради проблеми со летот. Португалецот веднаш одработи индивидуален тренинг, а од денеска треба да биде во полн тренажен процес.
Тренерот Лучано Спалети дополнително ќе ја процени неговата физичка подготвеност пред да одлучи дали ќе биде стартер.