Вердер изненадувачки му откина два бода на Борусија Дортмунд

Напаѓаа, имаа шанси, потоа и водство од 2-0, но на крајот тимот на Борусија Дортмунд на крајот мораше да се задоволи само со бод од дуелот со Вердер Бремен. Имаа предност „Милионерите“ се до 88. минута, а потоа гостинскиот тим намали, а во втората минута од судиското надополнување стигна и до втор гол.
Борусија Дортмунд поведе со голот на Свенсон по една акција од десната страна. Потоа Шлотербек со глава го матираше голманот на Вердер за 2-0.
И кога се чинеше дека „милионерите“ ќе стигнат до нова победа во Бундеслигата, се случи шок. Најпрво Рајс во 88. минута намали, а потоа и Филкруг во втората минута од судиското надополнување стрелаше против својот некогашен тим за конечни 2-2.