Ковачиќ најави заминување од Манчестер Сити

Матео Ковачиќ е сè поблиску до заминување од Манчестер Сити, откако неговата иднина во англискиот клуб станува сè понеизвесна.
Според информациите на англиските медиуми, Сити би можел да се раздели со хрватскиот играч за врска по завршувањето на актуелната сезона. Доколку не добие нов договор, Ковачиќ би можел да си замине како слободен играч.
Хрватот се надеваше дека ќе се наметне и ќе добие позначајна улога во тимот, но засега тешко доаѓа до континуитет во настапите. На неговата ситуација влијаеше и повредата на Ахиловата тетива, поради која минатата сезона одигра само девет натпревари.
Ковачиќ пристигна во Манчестер Сити во 2023 година од Челси, а претходно настапуваше и за Динамо Загреб, Интер и Реал Мадрид. Со своето искуство и квалитет, тој би можел да биде интересна опција за клубовите што ќе бараат засилување во средниот ред.