Кејн испрати охрабрувачка порака по повредата на зглобот

Хари Кејн заработи сериозна повреда на вчерашниот дуел меѓу Баерн Минхен и Келн, по што клубот потврди дека уште синоќа бил опериран и започнува со рехабилитацијата.

Кејн денеска испрати прва порака од клиниката каде е опериран.

– Животни подеми и падови! Секако, многу сум разочаран поради оваа повреда, но како и секогаш, ова е можност да покажам издржливост и напредок во пресрет на 2027 година. Ќе се вратам свеж и подготвен за клучниот дел од сезоната!Тешките времиња поминуваат, силните луѓе остануваат, – порача Кејн.