Том Брејди ќе го купи Челзи?

Еден од најголемите спортисти на сите времиња сака да купи акции во Челзи
Легендата на НФЛ, Том Брејди, три години беше акционер во Бирмингем, но одлучи да се повлече, а сега би можел да купи акции во Челзи.
Пред еден месец ги продаде своите акции и се повлече, образложувајќи дека не може да ги усогласи обврските како телевизиски аналитичар со ангажманот во клубот. Сега англиските медиуми објавуваат дека Брејди преговара за купување акции во лондонскиот гигант.
Како што наведуваат медиумите на Островот, и во овој случај станува збор за купување малцински пакет акции. Веста ја објави „Гардијан“, кој наведува дека преговорите се во тек и дека токму продажбата на акциите во Бирмингем му ја отворила можноста на Брејди да инвестира во Челзи.
Брејди беше гостин на Челзи за време на подготовките на екипата за Светското клупско првенство,