Наполи ја одби првата понуда на ПСВ Ајндховен за Де Брујне

Италијанскиот фудбалски прволигаш Наполи не е задоволен од понудата на ПСВ Ајндховен за белгискиот играч од средниот ред Кевин Де Брујне, објавија италијанските медиуми.

ПСВ сака да го доведе белгискиот репрезентативец во зимскиот преоден рок и понуди отштета од два милиони евра за него.

Медиумите објавуваат дека Наполи веројатно нема да ја искористи можноста за продолжување на договорот за уште една сезона.

Тие исто така истакнуваат дека Наполи би бил подготвен да го продаде Де Брујн во јануари доколку холандскиот клуб понуди седум милиони евра.

Реализацијата на трансферот во голема мера ќе зависи од тоа колку Де Брујне ќе инсистира да го напушти Наполи.