Кејн сериозно се повреди, го чека пауза од неколку месеци

Сериозна повреда на најдобриот стрелец на Баерн Минхен Хари Кејн, кој ќе отсуствува неколку месеци поради сериозна повреда на левиот скочен зглоб здобиена на ремито 1-1 против Келн во десеттото коло од Бундеслигата.

​Лекарските прегледи потврдија скинат лигамент.

Повредата се случи во 15-тата минута по дуел во шеснаесетникот со дефанзивецот на Келн, Жоел Шмид.

​„Хари ќе биде надвор од терените неколку месеци“, изјави тренерот Венсан Компани по натпреварот.

​Има и една добра вест за баварците, повредата на Мајкл Олисе не е од посериозен карактер и фудбалерот веќе се враќа на следниот меч на неговата екипа во фудбалската лига на шампиони.